logo
logo
logo

Супермодел и Суперхерој: Спаси заробена морска желка

Vecer | 05.12.2021

Супермодел и Суперхерој: Спаси заробена морска желка

Додека шетала со кучето супермоделот Жизел Бундхен наишла желка заплеткана во рибарска мрежа.

Таа го сподели видеото за спасување со нејзините 18,2 милиони следбеници.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Утрово шетав покрај плажата и Оникс почна да лае по купот ѓубре од океанот кој се насукал при плимата – напиша таа во објавата на видеото.

„Кога се приближив, видов желка свртена на грб и заплеткана во рибарска мрежа“, додала таа.

Бундхен  веднаш почнала да ја извлекува желката од мрежата, но откако желката ја превртела, поради слабост сама не можела да стигне до морето, па Жизел ја однела.

Просечната возрасна желка може да тежи до 200 килограми. Оваа беше помала.

- Не ни помислив на тоа, само ја зедов и ја вратив во морето. Почувствував олеснување и среќа кога ја видов желката како слободно плива и благодарна сум што успеав да и помогнам – изјави Жизел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk