logo
logo
logo

Судење на Гвинет Палтроу: Пензионер и бара оштета од 300.000 долари

Vecer | 22.03.2023

Судење на Гвинет Палтроу: Пензионер и бара оштета од 300.000 долари

Неговите адвокати тврдат дека славната актерка од невнимание предизвикала судир на скијачката патека и дека поради тоа Сандерсон е тешко повреден.

- Одговорноста на скијачите кои се горе е да им го препуштат правото на предност на луѓето долу, а тоа особено се однесува на патеката за почетници. Тие знаат дека тие скијачи најверојатно се помалку искусни и дека скијачите под нив веруваат дека оние што скијаат зад нив внимаваат - изјави адвокатот на Сандерсон, Роберт Сајкс.

Палтроу и Сандерсон седеа еден спроти друг за време на процесот додека нивните адвокати ги изнесувале воведните аргументи. И двајцата ги опишаа своите клиенти како жртви.

Сандерсон, исто така, го обвини „Deer Valley“ и нејзините вработени дека учествувале во прикривање со тоа што не дале целосни информации за извештајот за несреќата и не ги почитувале безбедносните правила. Валеј беше странка во тужбата, но беше отфрлен од случајот. Се очекува судењето да трае нешто повеќе од седум дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk