logo
logo
logo

Стивен Сигал ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ВОЈНАТА

Vecer | 10.08.2022

Стивен Сигал ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ВОЈНАТА

Стивен Сигал наводно снима документарен филм за војната во Донбас, напиша лидерот на сепаратистите во Доњецк Денис Пушилин на Telegram, пренесува Index.hr.

- Тој разговараше со воените затвореници во притворот во Оленивка. „Некои од затворениците неодамна беа убиени како резултат на насочен ракетен напад од страна на украинските војници“, рече Пушилин.

Тој изјави дека Сигал рекол дека 98 отсто од луѓето кои зборуваат за конфликтот во Донбас во медиумите никогаш не биле во тој регион.

- Стивен забележа дека 98 отсто од оние кои зборуваат за конфликтот во медиумите никогаш не биле тука, затоа светот не ја знае вистината. Тој сака да го промени својот став кон оваа војна - вели Пушилин.

Според руските медиуми, Сигал пристигнал во Донбас како „специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи со Америка“.

Стивен е долгогодишен пријател на Путин, тој доби руски пасош во 2016 година, а откако ја изрази својата поддршка за анексијата на Крим, во 2018 година стана специјален пратеник на Русија во Америка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk