Познатиот диџеј Стив Аоки сака да живее вечно и мисли дека нашол начин да го оствари тоа.
„Постои потенцијал дека ако мојот мозок достигне одредена температура, тоа е технички слично како да сум мртов три минути“, рече 43-годишниот диџеј во интервју кај новинарот Греам Бенсинџер.
Со други зборови, неговата идеја е да го замрзне телото, потоа да го врати во живот.
По смртта на неговиот татко Роки Аоки, кој почина од рак на црниот дроб во 2008 година, Стив се бореше со тешки мисли.
„Мојот ум не можеше да верува дека тој навистина ќе умре“, раскажува тој.
https://youtu.be/wVy_WpNMQDg