logo
logo
logo

Српски режисер јавно откри дека е хомосексуалец: Нема дел од мене од кој се срамам

Vecer | 04.12.2021

Српски режисер јавно откри дека е хомосексуалец: Нема дел од мене од кој се срамам

Српскиот режисер Стеван Филиповиќ на својот Твитер профил јавно се изјасни како хомосексуалец.

Имено, тој на социјалната мрежа објави нова профилна фотографија околу која има бои на виножитото.

- Ја сменив профилната слика, сега е попрецизно. Некому важна работа, некому неважна. Само да разјаснам дека нема ниту еден дел од мене од кој се срамам, што го кријам или некој може да го употреби како оружје во евентуален конфликт. Го бришеме поттекстот, од 1981 година - отворено напиша режисерот.

Многумина негови следбеници на социјалната мрежа му дадоа поддршка.

- Ова е всушност историски момент. Ако не се лажам, ова е наш прв режисер во историјата кој јавно се изјаснил. Можеби дури и првата машка јавна личност, ако не ги сметаме активистите. Секоја чест - напишал еден од следбениците.

– Многу ве сакаме и поддржуваме – беше уште еден коментар на Твитер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk