УШТЕ ЕДЕН КОНЦЕРТ, ОВОЈПАТ НА ЗАТВОРЕНО

Сребрената космонаутка Сара Мејс заблеска по втор пат!

После првиот концерт кој го одржа на платото пред МОБ каде, за жал, не ја послужи времето, Сара Мејс деновиве одржа уште еден концерт, но овојпат на затворено.

После првиот концерт кој го одржа на платото пред МОБ каде, за жал, не ја послужи времето, Сара Мејс деновиве одржа уште еден концерт, но овојпат на затворено. Пејачката и сега во целост ја претстави својата оригиналност преку незаборавен настап и исклучителна сценографија и костимографија и успеа со својот тим да ја преточи музичката способност во флуидна репрезентација на емоции.

Вселенскиот брод беше предводен од сребрената космонаутка Сара Мејс и на неа и се придружија Иван Петровски и Неврус Бајрам на гитари, Дејан Митровиќ на бас гитара, Филип Димишковски на клавијатури, Теа Богатинова и Калина Велковска како вокали, Александар Ванчовски на тапани и Виктор Филиповски на перкусии.

Како совршено надополнување на концертот на Сара Мејс како гостин настапи и незаменливиот Александар Принц. Воедно, бината ја исполнија и прекрасните движења на Јана Петровска и Мила Серафимовска од Битрикс кру, а за дел од музиката се погрижи и диџеј Мац.

Поврзани

Најнови вести

Коментари