logo
logo
logo

Србите пред Адел: Што најмногу Хрватите слушаат на Јутјуб...

Vecer | 18.01.2022

Србите пред Адел: Што најмногу Хрватите слушаат на Јутјуб...

Српската музичка сцена во ментот е домиантна во регионот, со што српските пејачи и оваа недела се на врвот на ранг листа во Хрватска.

Младите Хрвати во последните денови, најмногу слушаат чаки, трап и гледаат спотови на српски јутјубери и музичари, пишува порталот Индркс хр.

На прво место е Цоби и неговиот сингл Златно дете. Со оваа песна бил најавен филмот Златен дечко.

Втор на листа се Јала Буба и Девито и нивниот хит “Рози“, кој за две недели бил преслушан скоро 10 милиони пати. Трети на листата во Хрватска е видео на српскиот јутјубер Браќа Гајиќ кое носи наслов “Истерувачи на духови во вистинскиот живот“.

Четврта е Анастасија Ражнатовиќ, чија песна “Убица“ за пет дена собрала милион прегледи.

Пета е млада српска утјуберка и пејачка Праскичка. Нејзината песна “Маска“ за девет дена собрала 1.34 милиони прегледи.

Спрема "Oh my God" таа е на шесто место по слушаноста. За пет дена имала 24 милиони прегледи, но поради веќе објавената ранг листа – во Хрватаска и не е толку популарна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk