logo
logo
logo

Срам да ви е! Имате по 5-6 стана, а барате помош од државата, ЛУКАС распали по колегите

Vecer | 08.04.2021

Срам да ви е! Имате по 5-6 стана, а барате помош од државата, ЛУКАС распали по колегите

За време на едно ТВ-гостување Аца Лукас распалил по колегите и ги нападнал дека бараат помош од државата, а притоа имаат по неколку стана. Зборувал и за протестите на музичарите и угостителите кои излегле на улица со цел да им се најде решение затоа што во текот на изминатата година останале без примања.

- Мене не смееја да ме викнат на протест затоа што знаеја дека ќе ги откачам. Да не се лажеме ние заработуваме најмногу во оваа земја. Луѓе кои имаат по 5-6 стана бараат помош. Работете, товарете јаглен, им порача Лукас на колегите и уште јавно призна дека го канеле да пее на „корона журки“, но сите ги одбил.

„Чеда Чворак беше водач на протестите. Бара да работи, а тој не работи веќе 20 години. Ајде сите да се вакцинираме, па и да почнеме да работиме“, додал пејачот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk