Една од најпознатите балкански старлети, Сара Вучелиќ, попозната како Сораја, со години привлекува внимание, додека нејзиниот интересен визуелен идентитет се менува од година во година.
Имено, нејзиното прво појавување беше во реалното шоу „Големиот брат“ во 2011 година, каде веднаш се истакна, а со своите облини ја примами и предизвика машката фантазија.
View this post on Instagram
Оние што внимателно ја следеле Сораја низ годините, можеа да видат дека нејзиниот изглед драстично се промени. Иако никогаш не криела дека е приврзаник на пластична хирургија, многумина коментираат дали претерала со процедурите.
View this post on Instagram
Сораја Вучелиќ има направено десетици козметички операции за сите овие години, а во градите стави силикони во 2010 година, пред реалното шоу „Големиот брат“, кое ја направи славна. Како што се наведува, покрај тоа што има силикони во градите и усните, а хируршки ги затегна лицето и јаболчниците, Сораја ги оперираше носот и задникот, но исто така и ја закоси кожата околу очите со популарниот метод „мачкино око“ .
Таа наводно тие зафати ги прави кај познат турски хирург кој го посетуваат многу познати личности.
View this post on Instagram
Многу се зборуваше за естетските процедури на Сораја, па во медиумите беше споменато дека таа дала до 90.000 евра за операциите. Таа еднаш истакна дека искеширала многу пари за силикони во градите и усните, операција на носот, нови заби и силни третмани на лицето. Кога сè ќе се собере, таа платила дури 90.000 евра за новиот изглед.
View this post on Instagram