logo
logo
logo

Сопругот ја запросил со стиховите на Аки Рахимовски: Водителката со тага споделила спомени кои не се забораваат (фото)

Vecer | 23.01.2022

Сопругот ја запросил со стиховите на Аки Рахимовски: Водителката со тага споделила спомени кои не се забораваат (фото)

Наташа Павловиќ не криела дека омилен пејач на сите времиња е фронтменот на бендот “Парни ваљак“ каде што по веста за неговата смрт, водителката е потресена.

Водителката Наташа Павловиќ е доста потресена по веста дека познатиот музичар Аки Рахимовски починал откако наеднаш му се слошило.

На својот Инстаграм таа поделила со своите фанови спомени кои ги доживеала со пејачот, а приказната која ја следат незаборавни слики ги разнежнила многумина.

- Загред, Кнезот, облакодер и Браќа Цвијиќ, одев скоро декој ден кај мојата Едита, пријателка од класот. Влегувам во лифт, а во него Аки. Аки со Глава и брада, Аки. Од трема одвај изговорив “Здраво“. Подоцна ми беше криво што немав храброст да му кажам дека ми е омилен пејач, дека постојано го слушаме и дека за нас нема подобар пејач... –напишала Наташа и продолжила:

- Белград. Тополска, многу години подоцна. Се верив таа вечер. На журката сите драги пријатели, пристигнаа како изненадување од мојот иден сопруг, да прославиме. А потоа слушам добро познат, со посебна боја глас: “Добровечер, им цеститам на верениците“. Аки. Со гласот и брадата, Аки. Енергијата од таа вечер неумеам да ја пренесем... Но таа гордост што имав чест таа ноќ да пееме љубовни песни... со еден неповторлив Аки. Скоро исто како тогаш кога го сретав во лифт – звршува водителката со тага.

Наташа никогаш нема да ја заборави ноќта кога со стиховите на неповторливиот музичар се заколнала на вечна љубов на својот избраник. Емоциите на Аки и составот “Парни ваљак“ засекогаш ќе бидат во срце на вистинските љубители на поп музика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk