Нарекувајќи го „светлината на мојот живот“, таа му испрати трогателна порака со која ги воодушеви нејзините придружници на Инстаграм.
Трогателна порака за роденден
„Да... Добро... Добро... Добро... Среќен роденден, душо!“ напишала Камила во описот, повикувајќи се на иконската реплика на Метју од филмот „Зашеметен и збунет“ (Dazed and Confused), во кој тој го имаше своето деби на големото платно.
„Денес ТЕ славиме TEБЕ! Но, ние тоа го правиме СЕКОГАШ затоа што ти си светлината на нашите животи!! Ти благодариме што постоиш!“ додала таа. Актерот, кој го прослави својот 56-ти роденден на 4. ноември, ја сподели нејзината објава преку “Instagram Story” и кратко напишал „Љубов“, како одговор на желбата на неговата сопруга.
Љубов што трае речиси две децении
Метју и Камила се запознале во 2006 година во ноќен клуб во Лос Анџелес, а се венчаа во јуни 2012 година. Тие имаат три деца: 17-годишниот син Леви, 15-годишната ќерка Вида и 12-годишниот син Ливингстон.
Двојката ја прослави својата 13-годишнина од бракот во јуни, и во таа прилика признаа дека секоја година имаат проблеми со помнењето на точниот датум. „Оваа шега се случила многу пати претходно и не сакаме да се случи, но од некоја причина Камила и јас никогаш не се сеќаваме на нашата годишнина“, изјавил Метју во интервју за Access Hollywood. „Можеби го забораваме датумот, но се обидуваме да го запомниме значењето на #среќнагодишнина“, напишал тој во описот.
Тајната на среќен брак - помал кревет
Познатиот актер во септември брак за „Фокс њуз диџитал“ откри и забавна тајна за траењето на нивниот брак. Имено,парот големиот брачен кревет (king size) го заменил за помал (queen size), откако утврдиле дека се премногу оддалечени еден од друг.
„Си велиш: „Човече, овој проклето голем кревет “king size” не е добар за бракот. Ослободете се од гадот“, изјавил тогаш. „Така добивме помал кревет (‘queen size), каде што сме еден до друг. Ви кажувам, добро за бракот.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата