logo
logo
logo

Еве како ќе изгледаат овогодинешните Оскари

Соблечете ги пижамите и лично подигнете го Оскарот!

Vecer | 22.03.2021

Соблечете ги пижамите и лично подигнете го Оскарот!

Добитниците на Оскар ќе немаат можност наградата да ја примат во домашен амбиент, односно преку апликацијата „Zoom“.

За разлика од Еми наградите и доделувањето на Златниот глобус, чии добитници имаа опција наградата да ја примат во удобниот домашен амбиент, на 93-то доделување на Оксарите тие ќе мораат да присуствуваат лично.

Продуцентите на 93-то доделување – Стивен Содерберг, Стејси Шер и Џес Колинс – им испратиле мејл на сите номинирани во кој се наведени новите правила и во кој се инсистира тие, заедно со сите мерки на безбедност, да присуствуваат на церемонијата.

Академијата планира да приреди „интимен настан“ во Лос Анџелес.

„На оние кои не се во можност да присуствуваат на церемонијата од било која причина, само сакаме да им нагласиме дека „Zoom“ опцијата нема да биде возможна“.

Продуцентите изјавија дека „преземале големи мерки“ со цел да обезбедат „сигурна и забавна вечер за сите оние кои ќе дојдат во Долби театарот“ и напоменуаат дека „виртуелниот пристап би можел да ги намали нивните напори“.

На церемонијата ќе и претходи 90-минутен коктел на кој ќе може да присуствуваат само водителите, номинираните и нивните гости.

Што се однесува за бината, тие им советуваа на идните оскаровци да не држат долги говори, да не им се обраќаат на луѓето директно и да не ги пишуваат своите говори за заблагодарување на хартија.

Да се потсетиме, 93-то доделување на Оскарите ќе се одржи на 25 април.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk