logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО

Со помош на ДНК до ДРЕС потпишан од цела РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Vecer | 04.06.2021

Со помош на ДНК до ДРЕС потпишан од цела РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Момците од ДНК освен нова песна и видео, спакувани во чест на црвено-жолтите и претстојното Европско првенство во фудбал, имаат и едно големо изненадување за сите свои, но и фанови на фудбалот.

 -          Друштво, имаме големо изненадување за сите вас Ви најавуваме ЧЕЛИНЏ поврзан со нашата нова песна „Македонија на Европско”. Најдобрите двајца кои ќе испратат најкреативно видео ќе станат добитници на овие два дреса од македонската репрезентација потпишани од сите репрезентативци Сè што треба да направите е да бидете креативни, да испеете краток дел од песната, да ме тагнете мене  на мојот инстаграм-профил, да го користите хаштагот #МакедонијаНаЕвропско и да чекате во среда на 9 да ве избере стручното жири составено од капитенот Пандев, Стефан Ристовски и Несторовски. Ви посакуваме среќа , вели Панчо, едната половина од двоецот ДНК.

Друштво затоа не губете време, бидете креативни, бидете оригинални, снимете видео,  следете ги инструкциите на Панчо и добијте дрес потпишан од нашите фудбалски херои. Среќно!

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=xC5z_541AbA[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk