Со кој електричен автомобил можете да поминете најмногу километри

Порталот Ват кар тестираше автомобили на електричен погон и утврди кој од актуелните на пазарот овозможува да се помине најголема дистанца меѓу две полнења.

Иако некои од најголемите светски компании се фалат со својата автономија, шампион сепак е јужнокорејскиот Хјундаи.

Станува збор за Кона Електрикс, која во верзија со 64 kWh батерија може да помине 414 километри. Зад него следат Јагуар И-Пејс и Киа е-Ниро со по 404 километри.

На четврто место е Тесла Модел С 75Д со 326 километри, а петто место повторно им припаѓа на Хјунади Кона Електрикс, но со батерија 39 kWh, која овозможува 252 километри меѓу полнење.

Во првите десет се и Рено Зое Р110, Нисан Лиф, БМВ и3, Фолксваген е-Голф и Хјундаи лоник Електроникс.

Поврзани

Најнови вести

Коментари