logo
logo
logo

Со „Јас и ти“ бендот Љубојна врти нова страница

Vecer | 24.06.2021

Со „Јас и ти“ бендот Љубојна врти нова страница

После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20-годишната кариера, бендот "Љубојна" повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика. Овој пат со новата песна "Јас и ти" на Вера Милошевска, со којаВера, со голем успех навлегува и во кантавторските води.

Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми. Музиката и текстот за „Јас и ти“ се на Вера Милошевска,  аранжманот е со потписот на Оливер Јосифовски, а продуцент е Мите Димовски студио "Тра ла ла".

Песната е веќе пуштена во етерот, а наскоро за истата би требало да биде снимен и спот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk