Актерката Џејми Ли Кертис за првпат јавно проговори за својата трансродова ќерка.
„Гледав со восхит и гордост како нашиот син стана нашата ќерка Руби“, рече Џејми Ли Кертис во интервју за списанието ААРП.
62-годишната актерка има две ќерки, Руби (25) и Ена (34), заедн со нејзиниот сопруг Кристофер Гест.
Џејми Ли Кертис, исто така, откри дека таа и Гест, најпознати по режија и глумата во комедии како „Best in Show" и „A Mighty Wind“, наскоро ќе добијат и зет.
Таа изјави дека Руби и нејзиниот свршеник ќе се венчаат следната година, но и дека токму таа ќе ги венчава на нивната свадба.
Џејми Ли Кертис и Гест ги посвоија своите две ќерки како бебиња. Холивудскиот пар е во брак повеќе од 36 години.