logo
logo
logo

СНН го суспендираше својот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Vecer | 01.12.2021

СНН го суспендираше својот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

СНН го суспендираше својот водител Крис Куомо на неодредено време, откако се појавија детали за тоа како тој му помогнал на својот брат, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, да се соочи со обвинувањата за сексуално вознемирување, откриени претходно оваа година.

Телевизиската мрежа објави дека документите објавени од њујоршкиот државен обвинител во понеделникот укажуваат на тоа дека Крис Куомо бил повеќе вклучен во одбраната на својот брат отколку што знаеле раководителите на Си-Ен-Ен.

„Како резултат на сето ова, го суспендиравме Крис на неодредено време и чекаме дополнителни проценки", соопштија од Си-Ен-Ен.

Водителот извршил притисок врз изворите поврзани со жртвите на неговиот брат и ги информирал соработниците на гувернерот за своите сознанија, активно помагајќи да се развие одбранбен план и одговор на обвинувањата.

Канцеларијата на државниот обвинител Летиша Џејмс откри дека Ендрју Куомо сексуално вознемирувал најмалку 11 жени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk