logo
logo
logo

Снимена е боливудска верзија на „Форест Гамп“, еден од најскапите индиски филмови (ВИДЕО)

Vecer | 11.08.2022

Снимена е боливудска верзија на „Форест Гамп“, еден од најскапите индиски филмови (ВИДЕО)

Една од најголемите индиски филмски ѕвезди Амир Кан ја игра главната улога во филмот наречен Лаал Синг Чада. Индиската адаптација задржала неколку иконски сцени од оригиналниот филм, кој освои шест Оскари, вклучително и за најдобар филм, како играње пинг-понг и многу трчање, но биле направени некои промени.

Најпознатата реплика на Форест Гамп, што го игра Том Хенкс, „животот е како кутија бонбони, никогаш не знаеш што ќе добиеш“, во индискиот филм, гласи: „Животот е како голгапа. Твојот стомак може биде полна, но твоето срце секогаш копнее за повеќе“. Голгапа е популарна индиска закуска.

Индиската верзија на филмот ќе ги води гледачите низ историјата на Индија на сличен начин како што Форест Гамп прикажал важни настани во САД, како што е Виетнамската војна.

Кан, ѕвездата на мегахитот Дангал од 2016 година, и сценаристот Атул Кулкарни сè уште не откриле многу за тоа кои индиски историски околности се прикажани во филмот. Кулкарни само рече дека неговото сценарио е „убава приказна“. Кан (57) признал дека на почетокот се двоумел да се запознае со сценариото на Кулкарни бидејќи не бил сигурен дали е можно да се направи адаптација на ваква „култна класика“. Но, кога пристапил кон содржината, знаел дека сценаристот успеал. "Тоа беше трогателно искуство за мене. Многу ми се допадна. Веднаш сакав да снимам филм", додаде тој.

Друга боливудска ѕвезда, Карина Капур (41), во филмот ја игра долгогодишната пријателка на Синг, Рупа, како Џени во Форест Гамп, која ја игра американската актерка Робин Рајт. Капур рече дека заплетот е „безвременски“ со љубовна приказна. Филмот со буџет од речиси 23 милиони американски долари веќе е меѓу 25-те најскапи во историјата на индиската кинематографија.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk