logo
logo
logo

Снимен е филм за судењето на Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд (ВИДЕО)

Vecer | 29.09.2022

Снимен е филм за судењето на Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд (ВИДЕО)

Во актерската екипа се Марк Хапка како Деп, Меган Дејвис како Херд, Мери Кериг како адвокатка на Херд, Елејн Бредехофт и Мелиса Марти како адвокатката на Деп, Камил Васкез.

Покрај сцените од судницата, филмот ги прикажува реакциите на Деп на коментарите на неговата поранешна сопруга, реприза на злоставувањето и реакциите на обожавателите. Филмот го режирала Сара Ломан.

Потсетуваме, Џони Деп ја тужеше Херд за клевета. Актерката тврдеше дека Деп физички и сексуално ја нападнал во повеќе наврати. Актерот на крајот го доби случајот и Амбер Херд беше прогласена за виновна.

Во центарот на правниот процес беше написот од декември 2018 година што Херд го изјави за Вашингтон пост, во кој зборувала за семејното насилство. Написот не го спомнува Џони Деп по име, но неговите адвокати велат дека е јасно дека Херд мислела на него.

За потсетување, Деп и Херд се венчаа во февруари 2015 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk