logo
logo
logo

ЛЕТА ЌЕШ

Снимаш песниче и само за рефренот „ЛАПАШ“ 5000 евра! Е тоа е ХИТ! (Видео)

Vecer | 16.06.2021

Снимаш песниче и само за рефренот „ЛАПАШ“ 5000 евра! Е тоа е ХИТ! (Видео)

Да снимиш песниче и да чекаш од муабети да станеш славен не е само срам, туку и грев, е ама да снимиш песниче и само за рефренот да лапнеш 5000 евра - тогаш значи дека си направил добра работа. Тогаш и да ти се смеат не е страшно зашто дур некој се смее ти си го товариш магарето. А и нели целта ги оправдува средствата.

Таков е случајот со фолкерката од соседството Теа Таировиќ која само по три недели откако на јавноста и ја престави песната „Хајде“ почна да се полни со ќеш благодарение на истата. Се вели, ако баба лаже трап не, па така и видеото од една приватна прослава е доказ дека за рефрен може да се земат 5000 евра.

Видеото можете да го видите ОВДЕ.

И да, поздрав до колешките од земјава ни, кои кукаат по Фејсбук дека оние кои ги плукале по социјалните мрежи ќе ги молеле за песна на настап - скраја да е да пееме и нарауваме песни за болест. Поарно ќе го нарачуваме хитов на Теа, бар музикава е добра за мешање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk