“Величенствениот“ Роналдињо...

Славниот фудбалер ќе се венча со две жени: Семејството во шок!

Бигамијата во Бразил е забранета, а за непочитување на законот можно е да добие шест години затворска казна

Фудбалската ѕвезда Роналдињо ќе се венча со две жени во исто врме, а планот му е да продолжи да гради хармоничен однос во иднина. Неговите бројните фанови му ја оспоруваат ваквата заедница, а семејството е во шок.

Триесетиосумгодишниот фудбалер Роналдињо од декември месец минатата година живее заедно со двете вереници. Присила Коељо и Беатриз Соузом во скапоцената вила во Рио де Женеиро, а во план му е да ги ожени двете во месец август, на приватна забава, пишуваат бразилските медиуми.

Бигамијата во Бразил е забранета, а за непочитување на законот можно е да добие шест години затворска казна, така да ова венчавање може да биде само церемнија со две жени, но нема да можат да се регистрираат.

Како што пишува "Дејли мејл" двете девојки на Роналдињо редовно добиваат џепарлок од 1500 евра кои можат да ги трошат како што сакаат. Фудбалерот на двете им подарува идентични подароци.

Роналдињо двете ги побарал во јануари минатата година и им дал веренички прстени тврди, колумнистот Лео Даиз во бразилскиот лист "O Dia".

Иако Роналдињо никогаш официјално не ја потврдил врската со двете жени, неговите пријатели велат дека тој редовно оди со нив на сите настани или патувања.

Поврзани

Најнови вести

Коментари