Славната оскаровка била бездомник и спиела во прифатилиште, а денес поседува милиони

Оскаровката Хали Бери денес е милионерка, но работите не секогаш биле одлични во нејзиниот живот. Имено, актерката на свои 20 години станала бездомник.

Хали, по добивање на титулата Мис Охајо, се преселила во Њујорк со цел да се пробие во светот на модата.

 

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onFeb 19, 2018 at 9:01am PST

Но, бидејќи таа не била премногу интересна за модните агенти, нејзиниот џепарлак полека исчезнувал, а актерката била исфрлена од изнајмениот стан. “Ѝ се јавив на мојата мајка и ја молев да ми позајми пари, но таа одби. Тоа доведе до расправија по која не разговаравме една година, но тоа е веројатно најдобрата работа која некогаш ми се случила”, раскажала ѕвездата за списанието “People”.

“Живеев во прифатилиште со бездомници и по некое време добив работа како келнерка. Тоа е ситуација која ме научи како да се грижам за себе и како да се снајдам во секој момент”, вели Хали, додавајќи дека тоа искуство подоцна ѝ помогнало полесно да се сноси со трите пропаднати брака.

Актерката која е мајка на две деца вели дека животот без кров на глава и трите разводи се причините поради кои таа денес едноставно е “бестрашна”.

Поврзани

Најнови вести

Коментари