logo
logo
logo

ЕВРОВИЗИЈА 2021

СИТУАЦИЈАТА СЕ МЕНУВА: Малта повеќе не е ФАВОРИТ за победа!

Vecer | 10.05.2021

СИТУАЦИЈАТА СЕ МЕНУВА: Малта повеќе не е ФАВОРИТ за победа!

Претставничката на Малта на Евровизија, Дестини (18) беше апсолутен фаворит за победа се до првата проба, по што се пресели на втората позиција, а во обложувалниците ја престигна Французинката Барбара Прави. Француската претставничка се уште немала проба, па како ќе се одвиваат работите останува да покаже времето.

Дестини на пробата се појавила во пинк комбинација, кога не сокрила премногу. На нозете Десини имала чизми во иста боја како и гардеробата, а тие не ја „слушале“, па постојано и паѓале.

Фановите на Евровизија и понатаму се воодушевени од нејзините гласовни можности, но не го кријат разочарувањето од сценскиот настап и стајлингот. Дури и сериозните критичари на најголемото европско музичко натпреварување рекле дека настапот и е многу лош, и не само заради сталингот и дека Дестини не танцува, туку и заради нејзината несигурност на сцената и постојаното гледање во подот.

Погледнете:

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=JphfEg3YAxM&t=56s[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk