logo
logo
logo

Сите ја сакаат „Месечина“, но Бреговиќ не е автор - ЕВЕ КАКО НАСТАНА ПЕСНАТА ВО ПРАГА

Vecer | 08.05.2021

Сите ја сакаат „Месечина“, но Бреговиќ не е автор - ЕВЕ КАКО НАСТАНА ПЕСНАТА ВО ПРАГА

Песната „Месечина“стана голем  хит по целиот Балкан, веднаш штом се појави, а нејзината популарност воопшто нема опаднато со тек на годините.

Речиси и да не постои веселба на овие простори, а оваа песна да не е задолжителна во репертоарот.

Сепак, иако „Месечина“ стана хит откако ја изведе музичарот Горан Бреговиќ, многумина ќе бидат изненадени од фактот дека тој не ја напишал.

Имено, автор на оваа песна е драмскиот писател и голем поет, Душан Ковачевиќ.

- Ја напишав „Месечина“ во Прага за време на снимањето на филмот „Подземје“. Замислена е како химна на луѓето што живеат во тој подрум. Песната е подолга, а Брега го зеде само првиот дел. Се сеќавам дека тој имаше музика од Шабан Бајрамовиќ, па ја направи таа песна. Морам да кажам дека „Месечина“  е светски хит. Знам од авторските права што ги добивам од целиот свет. Долги години беше хит и во Франција - откри Ковачевиќ.

https://youtu.be/JNtTJTJY6c4

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk