logo
logo
logo

Сите ја мислат во САД, а таа во Дубаи: Скандалот со исфрлената кандидатка ја „фати“ на одмор

Vecer | 22.03.2021

Сите ја мислат во САД, а таа во Дубаи: Скандалот со исфрлената кандидатка ја „фати“ на одмор

И додека сите мислат дека е во Америка, Марија Шерифовиќ всушност се журка во Дубаи каде е видена во познатиот Дубаи мол.

Пејачката деновиве е во центарот на скандал откако нејзината натпреварувачка во Ѕвездите на Гранд, младата Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана заради навреда на член на жирито.

Марија после одлуката се огласи и рече оти смета дека дисквалификацијата не била потребна, како и дека се направил голем проблем без голема причина. Ова на нејзината доскорешна пријателка Јелена Карлеуша, и воедно еден од главните актери во скандалот, баш не и се допаднало па ја блокирала на Инстаграм. Колку и дали Марија се потресла заради гестот на пријателката се уште не кажала јавно, а реално може и нема време, па нели на одмор си е жената.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk