logo
logo
logo

Сите го знаат Ник Слотер, а дали СЕ СЕЌАВАТЕ КАКО ГО ПРЕЧЕКАА ВО СРБИЈА (ВИДЕО)

Vecer | 23.07.2021

Сите го знаат Ник Слотер, а дали СЕ СЕЌАВАТЕ КАКО ГО ПРЕЧЕКАА ВО СРБИЈА (ВИДЕО)

Актерот Роб Стјуарт, кого сите го знаеме како Ник Слoтер, денес наполни 60 години.  Нема кој не гледал „Тропски горештини“ серија која речиси секое лето се емитуваше на овие простори.

Долга коса, хавајски кошули, детективски приказни и статус на заводник ги воодушеви гледачите, а жените беа воодушевени од неговата харизма и непосредност.

Сепак неговата врска со Србија е посебна. Овој актер има култен статус во Србија, а покрај серијата, тој беше и поп-икона, а исто така имаше и познати графити во белградската населба Зарково „Слотере Ниче, Зарково те кличе“, а потоа имаше и разни песни кои српските граѓани му ги наменија на славниот актер.

https://youtu.be/5r6LNj5yGiU

Тој ја посети Србија пред 12 години и беше многу изненаден од третманот, бидејќи не очекуваше дека ќе биде толку популарен во Србија: "Јас навистина мислев дека луѓето ме лажат. Да, едноставно нема шанси да сум толку популарен. Сето ова многу ми се допаѓа. Разбирам дека тоа е невино чувство, реализација на детската фантазија за луѓето од Србија “.

https://youtu.be/25HXGvauhFM

За себе вели дека најголемо коцкање е кога обил понуда да ја игра главната улога во ТВ ситкомот Скуп бидејќи потоа станал дел од Тропски Горештини.

Тоа беше најдобрата одлука што некогаш сум ја донел. Улогата на Ник Слатер беше донесена за мене“, рече тој.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk