НОВА ЕМОТИВНА БАЛАДА

Симона Попоска со химна за сите жени кои се сами!

"Наскоро ќе снимаме и видео за "Сама". Ова е една од поубавите балади кои сум ги испеала, мене лично многу ми се допаѓа и се надевам дека и публиката ќе го има истото мислење со мене", откри пејачката

Симона Попоска која од неодамна стана госпоѓа Попоски деновиве го промовираше синглот "Сама". Станува збор за емотивна балада која е авторско дело на Иле Спасев - музика и аранжман, а текстот го потпишува Даниела Хаџи-Тоневска.

"Наскоро ќе снимаме и видео за "Сама". Ова е една од поубавите балади кои сум ги испеала, мене лично многу ми се допаѓа и се надевам дека и публиката ќе го има истото мислење со мене", откри пејачката која веќе следниот месец планира да објави уште еден сингл, но овојпат во малку побрз ритам.

"Веќе работам и на уште една песна во студио која за разлика од "Сама" е побрза и подинамична, а и за неа ќе снимам спот. Работам цело време, сите викенди ми се букирани, посветена сум и на факултетот, но не се жалам, сето ова го сакам и се чувствувам исполнето", додаде Симона.

Поврзани

Најнови вести

Коментари