logo
logo
logo

Силвестер Сталоне се враќа: Објавен е трејлерот за „Платеник 4“ (ВИДЕО)

Vecer | 09.06.2023

Силвестер Сталоне се враќа: Објавен е трејлерот за „Платеник 4“ (ВИДЕО)

Речиси една деценија по третиот филм, Џејсон Статам, Ренди Кутур, Долф Лундгрен и Сталоне се враќаат и се здружуваат со Меган Фокс и 50 Сент во сосема нова мисија.

На актерската екипа ѝ се придружуваат дуото од Fast and Furious 7 - Тони Јаа и Леви Трејн - како и поранешниот најсилниот човек на светот, Еди Хол. Главниот негативец во филмот ќе го игра Ико Увајс, додека Енди Гарсија ќе зачекори во улога на агент на ЦИА.

„Вооружени со секое оружје до кое ќе дојдат во рака и со вештини за користење, Платениците се последната линија на одбраната и тимот повикан кога сите други опции се недостапни. Новите членови на тимот со нови стилови и тактики ќе дадат „ново крв е сосема ново значење“, се вели во синопсисот на филмот.

Третиот филм од 2014 година го режираше Патрик Хјуз, а последното продолжение е дело на Скот Во. Продуценти на филмот се Џејсон Статам, Кевин Кинг Темплтон, Лес Велдон, Јарив Лернер, Џефери Гринштајн и Џонатан Јунгер.

За жал, потврдено е дека претстојниот филм ќе биде последното појавување на Сталоне како Барни Рос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk