logo
logo
logo

Шварценегер удрил жена со автомобил - итно е пренесена во болница

Vecer | 05.02.2023

Шварценегер удрил жена со автомобил - итно е пренесена во болница

Актерот Арнолд Шварценегер рано утринава удрил во жена на велосипед со својот автомобил во Западен Лос Анџелес.

Несреќата се случила кога жената свртела на спротивната лента, па актерот не можел да ја избегне несреќата.

Ова го потврдија очевидци, пишува TMZ и наведува дека засега нема докази дека актерот е виновен за несреќата.

Жената итно била пренесена во болница, а Шварценегер бил на лице место и разговарал со полицијата. Истрагата е во тек, но во овој момент се укажува дека актерот не можел ништо да направи за да го спречи немилиот настан.

„ТМЗ“ пишува и дека глумецот не возел брзо, а жената која не била под дејство на алкохол или недозволени супстанци подоцна се пожалила на болки.

По несреќата, Арнолд Шварценегер го зел нејзиниот велосипед, го прикачил на својот автомобил и се упатил до локална продавница за да ја поправи штетата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk