Швајцарскиот филм „Голијат“ во кината низ Македонија

Швајцарската драма „Голијат“ во режија на Доминик Лохер од утре во 13 часот во киното „Милениум“ во Скопје ќе има премиерно прикажување во Македонија. Филмот е со времетраење од 85 минути. Во главната улога е Свен Шелкер, познат по улогата во „Кругот“, швајцарски кандидат за „Оскар“ во 2015, филм за кој ја доби и Швајцарската филмска награда за најдобар актер истата година. Играат и Јасна Фрици Бауер, Адриан Фурер, Хозе Барос.

Љубовта на Давид и Џеси е ставена на тест кога Џеси ненамерно останува бремена. Помислата дека Давид ќе стане татко му предизвикува паника. Кога тие ќе бидат нападнати во возот, Давид не може да ја заштити својата девојка, со што му се потврдува неговиот страв дека тој не е прав маж за да се грижи за нив. Во очај, Давид почнува да зема стероиди поради што станува агресивен, станува закана за неговата девојка и за нероденото дете.

Филмот ќе се прикажува и во кината низ републиката со поддршка на „Свис Филмс“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари