logo
logo
logo

Што се случувало позади завесите: Алекс Родригез не бил заљубен во Џенифер Лопез, туку во "5те минути слава" со неа

Vecer | 08.06.2021

Што се случувало позади завесите: Алекс Родригез не бил заљубен во Џенифер Лопез, туку во "5те минути слава" со неа

Откриена е причина поради која Џенифер Лопез го оставила свршеникот Алекс Родригез и отишла во прегратките на Бен Афлек.

Иако во моментов живеат на две различни американски крајбрежја, Џеј Ло во Мајами, а Бен во Лос Анџелес, се зборува дека парот наскоро ќе се пресели на иста адреса и ќе започне заеднички живот.

Според странските медиуми, латино-дивата и холивудскиот актер на своите најблиски им рекле дека нивната врска трае веќе два месеци.

Кога повторно стапиле во контакт, морале да видат дали постојат искри, бидејќи поминало многу време од раскинувањето. Постоеле, и двајцата уживаат“, истакнал извор близок на парот.

Како што додал, Џенифер не го заборава минатото. Тие беа свршени и се разделија пред 17 години, а сега отворено зборуваат за тој период.

Разговарале и за минатото и за тоа зошто не им успеало. Двајцата сега имаат надеж во врската и се трудат. Позрели се и сè е поинаку“, објаснил неименуван извор.

Пред неколку денови се пишуваше дека Џенифер Лопез го оставила Алекс Родригез, со кој беше четири години во врска, а две години свршена со него, бидејќи кон неа се однесувал драстично поинаку кога не ги следеле папараците, и, наводно уживал во вниманието на медиумите кое го добил поради врската со неа.

Алекс беше позаљубен во идејата за нив двајца како пар, отколку што го инересираше самата врска“, истакнал анонимен извор неодамна и додал дека Родригез бил заинтересиран за шоубизнисот и не се однесувал како грижлив партнер кој ја обожава Џеј Ло во моментите кога никој не ги гледа.

Покрај тоа, американските медиуми пишуваат дека поранешниот спортист само ја искористувал Џенифер за да се пишува за него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk