Што се случува со една од најубавите светски актерки? (фото)

Понекогаш, поради потребите за некоја улога, ќе ја офарбаше косата црна, но нејзината руса коса ѝ е заштитен знак. Последната објава на нејзиниот Инстаграм профил, која доби 191.000 „лајкови“ за помалку од 24 часа, привлече големо внимание. Актерката е облечена во црно боди, а одозгора носи кончен мини фустан со дупки. Врз фустанот, Шарлиз наметнала црно сако, а целата комбинација ја надополнила со црни кратки чорапи и црни салонки со високи потпетици.
Нејзината коса повторно е платинесто руса, а шминката во земјени тонови уште повеќе ја истакнува нејзината убавина.
Очекувано, објавата доби еден куп коментари со пофалби за изгледот, но меѓу нив се најдоа и коментари во кои нејзините обожаватели изразиле загриженост за нејзиното здравје бидејќи актерката драстично ослабела.
Да потсетиме, познатата убавица пред 20 години мораше драстично да се здебели и да го промени својот изглед до непрепознатливост за улогата во филмот „Монструм“. Борбата со добиените килограми, актерката тешко ја поднесе и таа повеќепати нагласуваше дека не можела да се откаже од храната и слатките, и дека секоја диета ѝ е тешка.
Меѓутоа, сега се чини дека отишла предалеку во одлуката да ослабе.