logo
logo
logo

Што ќе каже неговата сопруга?!

Тој на службено патување се забавува со модели кои се шетаат топлес, а жена му дома чува бебе

Vecer | 02.08.2021

Тој на службено патување се забавува со модели кои се шетаат топлес, а жена му дома чува бебе

Џек Бруксбанк е во брак со принцезата Еугени од 2018 година, а во февруари го добија синот, Август.

Имено, според Дејли Меил, претприемачот Џек ужива на италијанскиот остров Капри опкружен со гламурозни модели.

Уште поинтересно е што Бруксбанк ова го нарекува деловно патување, бидејќи порано беше на хуманитарен бал на летната гала на УНИЦЕФ, бидејќи е амбасадор на еден бренд на текила, кој спонзорира настани за кои билетите се движат од 8.000 до 25.000 фунти.

На фотографиите се гледа како Џек ужива со чаша вино на брод од осум метри, гушка една од жените и позира со неа за селфи. Станува збор за манекенката Марија Букелати која стана модна амбасадорка и објави фотографија со Бруксбанк на својата приказна на Инстаграм.

Со претприемачот беше и Рејчел Залис, поранешна уредничка на списанието „Гламур“, но и италијанската манекенка Ерика Пелосини, која беше топлес. Таа повремено се покриваше со крпа кога излегуваше од морето, но главно беше со голи гради.

Очигледно, единствениот човек на бродот до Џек бил капетанот. Бруксбанк уживаше и во пливањето со женско друштво, а многумина беа разочарани од овој негов потег, а којзнае како ќе реагира кралското семејство.

Имено, додека Џек се забавува, неговата сопруга Еугени дома го чува нивниот петмесечен син Август. Патем, парот е во брак од 2018 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk