logo
logo
logo

Што е со бракот на Бритни Спирс- замина на Хаваи без маж и венчален прстен (ВИДЕО)

Vecer | 31.03.2023

Што е со бракот на Бритни Спирс- замина на Хаваи без маж и венчален прстен (ВИДЕО)

Сепак, Дејли Мејл тврди дека има знаци дека бракот на Спирс и Асгари е на работ да се распадне, бидејќи наводно и двајцата излегуваат без бурми. Тие пишуваат дека актерот бил виден како излегува без прстен додека Бритни била на Хаваи, а велат дека и таа го извадила прстенот пред да оди на Хаваи со Хадсон.

Тие исто така истакнуваат дека двојката, која е во брак од 2022 година, наводно веќе некое време се соочувала со проблеми и дека Бритни поради тоа „побегнала на Хаваи“. Бритни редовно известува од Хаваи преку Инстаграм, објавувајќи слики и видеа од неа и Хадсон, а на едно од нив се гледа како ужива на една од плажите додека нејзиниот менаџер ја снима.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by River Red (@britneyspears)

Гласините дека нешто не е во ред меѓу Бритни и Сем започнаа на почетокот на март кога Спирс објави видео на кое таа и нејзиниот сопруг се забавуваат на плажа, но со значајна порака. "Мексико, пред да се омажам. Бев толку среќна таму", напишала Спирс, што многумина го протолкуваа дека денес повеќе не е среќна.

Исто така, фановите веќе некое време се загрижени за нејзиното здравје и среќа, особено по испадот во ресторан во ЛА каде таа била со својот сопруг. ТМЗ тогаш тврдеше дека Бритни имала испад бидејќи видела како некои гости во ресторанот ја снимаат. Потоа почнала да зборува глупости и да се крие зад менито, а нејзиниот сопруг потоа излегол од локалот и ја оставил сама.

После тоа, обожавателите испратија полиција до нејзината врата за да ја проверат и да се уверат дека ништо лошо не ѝ се случило, а на крајот таа самата се огласила.

„Оваа недела беше во вестите дека за малку ќе умрев и дека имам менаџер и лекари. Немам менаџерски тим и немам никого во животот. Немам лекари. Земам Прозак за депресија и тоа е тоа. Јас сум многу досадна личност“, рече неодамна Спирс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk