logo
logo
logo

ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА СЕВЕРИНА: Само на 3 личности во животот им должам извинување

Vecer | 16.09.2021

ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА СЕВЕРИНА: Само на 3 личности во животот им должам извинување

Северина конечно проговори јавно за нејзиното експлицитно видео кое во јавноста се појави во далечната 2004 година. Имено, пејачката во исповедта за хрватските медиуми рекла дека е свесна оти повредила некои луѓе, како и дека единствените луѓе на кои им должи извинување се децата и сопругата на тогашниот партнер Милан Лучиќ.

- Сакам да им порачам на младите девојки да бидат внимателни и да внимаваат што прават. Свесна сум дека постојат три личности коу ги повредив и сакам да им се извинам. Тоа се децата и сопругата на мојот партнер од тоа видео. Тоа се единствените личности на кои морам да им се извинам, рекла пејачката.

Признала и дека е изненадена што никој од таа 2004 година не ја споменал болката на тие деца, а сега сите се заинтересирани како сето ќе го доживее нејзиниот син кој во тоа време не ни бил роден.

- Свесна сум дека кога-тогаш мојот син ќе се сретне со тоа и тоа го имам на ум од почетокот. Кога ќе проценам дека е време, сама ќе му кажам и би сакала за тоа да чуе од мене, рекла Северина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk