logo
logo
logo

Шокантни детали: Кање и ги зеде децата на Ким Кардашијан -ДРАМА ВО СЕМЕЈСТВОТО КАРДАШИЈАН

Vecer | 14.04.2021

Шокантни детали: Кање и ги зеде децата на Ким Кардашијан -ДРАМА ВО СЕМЕЈСТВОТО КАРДАШИЈАН

Канје Вест бара заедничко старателство над четирите деца со Ким Кардашијан, која неодамна поднесе барање за развод.

Ким (40) во февруари поднесе барање за развод од 43-годишниот рапер, а судските документи покажуваат дека таа исто така барала заедничко старателство над нивните деца; Норт (7), Саина (5), Чикаго (3) и Псалм (1).

 

Парот не бара брачна поддршка еден од друг, и покрај тоа, Вест сака тие да сносат одговорност за сопствените правни трошоци.

Page Six минатиот месец напиша дека парот не е во најдобри односи, иако децата заедно растат. Вест, наводно, побарал Ким да не биде во домот што го делеле кога ги посетува децата, а тој исто така го сменил бројот и ѝ рекол дека може да контактира со него преку неговото обезбедување.

Според предбрачниот договор, секој од сопружниците ќе ги чува своите пари. Двојката е во брак шест години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk