ШОК: Северина и Игор се разведуваат - причината е оваа водителка!

ФОТО: Printscreen

Северина реши да се разведе од сопругот Игор после неполни три години брак, а тоа е причината зошто српската снаа не се појавила на концертот на својот свекор Кеба, иако беше предвидено да гостува, дознава српски Курир.

Пејачката и наследникот на фолкерот последните месец дена биле во ’напнати’ односи, а чашата се прелеала пред славата на Кеба кога хрватската пејачка му се налутила на свекорот заради Јована Јоксимовиќ.

 

Јована и Жељко Јоксимовиќ биле поканети на славата, и тоа заедно со нивниот кум и менаџер Бане Обрадовиќ, состав во кој биле и на свадбата на Севе и Игор. Меѓутоа, кога Северина дознала за тоа направила хаос. Се заканила дека ќе ја навреди водителката пред сите гости и ќе си отиде во Загреб. Нејзе ја изнервирало тоа што во една прилика Јована во својата емисија на една новинарка и поставила прашање за Северина. Јована професионално си ја работела својата работа, но Северина се навредила и никој не можел да и докаже дека водителката немала лоша намера - открива изворот и додава дека Кеба во целата ситуација бил само колатерална штета. Тој веднаш го повикал Бане и го замолил да не ги носи Јоксимовиќи. Се нашол помеѓу два огна, но морал да застане на страна на својата снаа. Сепак, и покрај тоа Северина не била задоволна, си ги собрала своите работи и се вратила во Загреб со ветување дека ќе дојде на концертот, додава истиот извор.

Саве требало да настапи како прва гостинка на концертот, а до последен момент буквално никој не знаел дали ќе дојде. Дури некаде околу 22 часот му се јавила на Игор и му рекла дека нема да се појави иако и тој бил во салата и ја очекувал. Гестот буквално ги оставил без зборови и него, и Кеба, и организаторите... Освен што со однесувањето го повредила целото семејство, покажала и крајна непрофесионалност. Веднаш после концертот, на забавата роднина на Кеба на глас искоментирал: „Игор еден брак како ниеден.“

Ова не е прв проблем меѓу Севе и Игор, но очигледно е дека сега само барала причина да стави крај на бракот. Засега официјална потврда или изјава нема, ниту од Севе, ниту од Јована, ниту од нејзиниот менаџер Томица...

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари