logo
logo
logo

Шок по смртта на 24 годишниот пејач од "Ѕвездите на Гранд": Сонце мое, срце ме боли...

Vecer | 21.04.2021

Шок по смртта на 24 годишниот пејач од "Ѕвездите на Гранд": Сонце мое, срце ме боли...

Дваесет и четиригодишниот Момир Луковац, натпреварувач во тековната сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ вчера го загубил животот. Тажната вест први ја споделија од Здружението на поп-уметници на Црна Гора.

Тажната вест неофицијално за „Блиц“ ја потврдија неколку колеги на пејачот. Сепак, засега нема информации за причината за смртта.

– Сонце мое, што направи од себе? Се гордеам што те познавав, што беше другар, колега, пријател и брат.. Прерано не’ напушти. Срцето ме боли, нема никогаш да те заборавиме, се само дел од зборовите напишани на социјалните мрежи.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=w-NWqT8TzkQ&feature=emb_title[/embed]

Момир последен пат и се претстави на јавноста во емисија што се емитуваше во февруари оваа година.Тогаш ги отпеал песните „Проколната виолина“ од Саша Матиќ и „Таа да ме сакаше“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk