logo
logo
logo

Шерон Стоун: Уште го чувам белиот фустан од „Основен инстинкт“ (ВИДЕО)

Vecer | 30.03.2023

Шерон Стоун: Уште го чувам белиот фустан од „Основен инстинкт“ (ВИДЕО)

За време на нејзиниот говор на доделувањето на наградата, таа откри колку заработила за нејзината легендарна улога во филмот Основен инстинкт.

"Заработив само 500.000 долари. Мајкл Даглас доби 14 милиони. Тогаш бев нова во светот на глумата, а тој беше ѕвезда", рекла Шерон.

Таа вели и дека цело време на снимањето на филмот се соочувала со омаловажување од страна на продуцентот кој ја нарекувал со погрешно име.

"Дури и на Гувернерскиот бал по Оскарите, тој сè уште ме викаше Карен. Се чувствував навистина понижено, а моето име го немаше ниту на плакатот", рече таа. Стоун беше почестена на наградите Муза со уште осум жени, вклучувајќи ги Даниел Брукс, Џенет Јанг и Сандра Ли.

Шерон се прослави со нејзината улога во Raw Passions во 1992 година. Филмот го режираше Пол Верховен, а главните улоги ги толкуваа Даглас и Стоун. Филмот беше номиниран и за Оскар и за Златен глобус, а на крајот освои две награди на МТВ.

Мајкл Даглас го играше детективот Ник Куран, поранешен алкохоличар и зависник од дрога, кој го презема случајот со убиството на поранешна рок-ѕвезда и сопственик на ноќен клуб, додека главниот осомничен, писателката за напнат трилери Кетрин Трамел, ја играше Шерон Стоун. Детективот и писателката наскоро се впуштаат во љубовна авантура.

Шерон веќе изјави дека била платена значително помалку од машките колеги, но вели дека ја задржала целата облека од снимањето. "Во мојот договор ставив дека можам да ја задржам облеката. Луѓето мислеа дека сум луда, но вистината е дека не бев многу платена во споредба со моите машки колеги", рекла таа тогаш.

Помеѓу облеката што ја зачувала е и култниот бел фустан, кој се уште е во плакар со остатокот од нејзината гардероба. „Го скинав патентот, така што е запечатен како уметничко дело или многу кул временска капсула“, рече Шерон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk