Шербеџија: Немам време да се занимавам со медиумски сплетки

Познатиот светски и југословенски глумец, Раде Шербеџија вели дека се обична лага информациите дека му се нудел на „некој млад албански филмски режисер“ да игра во неговиот филм за Адем Јашари. „Моментално сум во Лос Анџелес каде снимам една телевизиска серија и немам време да се занимавам со медиумски сплетки. Но, во врска со написите во весниците дека преку мојот пријател Енвер Петровци сум му се нудел на некој млад албански филмски режисер да играм во неговиот филм за Јашари, изјавувам дека станува збор за обична лага“, порача Шербеџија.

Тој во пишаната изјава оценува дека станува збор за „обид на младиот режисер да го сврти вниманието на себе и на неговиот проект“, злоупотребувајќи го името на познатиот актер. Според Шербеџија, бесмислено е некој да му нудел таква улога, како што е безмислено и дека тој би прифатил да игра во таков филм.

„На тој млад албански режисер можам да му порачам дека сум бил пријател со многу големи албански актери – Беким Фехми, Фарук и Истреф Беголи и многу други…И сите ги носам во сцето и во моето сеќавање, не само како величествени уметници, туку и како чесни и горди луѓе“, вели Шербеџија. Медиумите претходно пишуваа дека косовскиот режисер и сценарист Луан Криезиу, кој подготвува филм за командантот на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Адем Јашари, меѓу предлозите за оваа улога го имал во вид и актерот Раде Шербеџија.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари