logo
logo
logo

Шехерезад го откри полот на третото дете: Бременоста е и страшна и прекрасна

Vecer | 17.06.2021

Шехерезад го откри полот на третото дете: Бременоста е и страшна и прекрасна

Турската актерска двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч, во Македонија најпознати по улогите Шехерезад и Онур од серијата „1001 ноќ“, го очекуваат своето трето дете.

Актерката го откри и полот - двојката очекува девојче.

Имено, нивното второ дете го добија пред само една година, а веста за третото дете актерката ја објави среде снимање на серија - прва во која глумеше по тригодишна пауза.

Бергузар и Халит веќе ги имаат синовите Али и Хан, а сега е објавено дека очекуваат девојче.

„Бременоста е и страшна и прекрасна. Постојат некои работи кои се полесни отколку во претходните бремености затоа што знаете што ве чека, но во други е многу потешко. Да речеме дека сега се здебелив 16 килограми, додека во првата бременост добив девет или десет килограми. Но, тоа се слатки грижи“, рекла убавата турска актерка.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk