logo
logo
logo

ШАБАН како Мајкл Џексон и Елвис Присли: Покојниот крал на народната музика заработува СЕ' ПОВЕЌЕ ПАРИ

Vecer | 09.06.2023

ШАБАН како Мајкл Џексон и Елвис Присли: Покојниот крал на народната музика заработува СЕ' ПОВЕЌЕ ПАРИ

Музиката на Шабан Шаулиќ се повеќе се слуша, а тоа им носи повеќе приходи на членовите на неговото семејство, кои ги наследиле авторските права на покојниот крал на народната музика.

Во текот на 2022 година вкупниот приход на компанијата „Луна мјузик“, која е во сопственост на сопругата на покојниот Шабан Гордана Гоца Шаулиќ, изнесувал 7.405.000 динари, што е околу 63.290 евра, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за економски регистри. Знали, станува збор за сума  која вдовицата на Шаулиќ ја наплатила на име на авторски права за починатиот Шабан.

Гоца пријавила дека нејзината фирма имала расходи од 5.369.000 динари и дека нето заработката изнесува 17.487 евра, а биле платени даноци од 237.000 динари. При споредба на податоците за 2022 и 2021 година, забележливо е дека има скок на заработката. Како што се пишуваше претходно, вдовицата на Шаулиќ лани заработила 55.300 евра, што е за околу 7.700 евра помалку од лани. Во 2020 година е остварен приход од 37.220. Сето ова покажува дека Шабан, иако не е жив четири години, се повеќе заработува со својата музика и дела.

Да потсетиме, кога Шабан го загуби животот во 2019 година, само на денот кога трагично повредениот пејач беше погребан на Новите гробишта, дури осум песни на Шабан на Јутјуб беа прегледани повеќе од два милиони пати, што претставува скок од речиси 80 отсто во споредба со времето кога бил жив кралот на народната музика.

Најголем скок на популарност забележа песната „Не плачи душо“ со која семејството Шаулиќ се прости од Шабан во Алејата на заслужните граѓани. Претходно имаше 143.000 прегледи, а на денот на погребот осамна со близу половина милион слушања. Повеќе прегледи добија и нумерите како „Данима те чекам“, „Тебе да заборавим“, „Шадрвани“ и „Сине, сине“, односно во просек за само еден ден се околу 100.000 прегледи. Раст на популарноста на Јутјуб забележаа и безвременските хитови на Шаулиќ „Доѓи да остариме заједно“, „Мени је среќа с тобом обеќана“ и многу други. Ваквите случаи обично се чести кога музичка ѕвезда ќе го загуби животот, но Србија дефинитивно никогаш не видела толку драстичен скок на популарноста како што беше случајот со Шабан.

Инаку, кога се светските ѕвезди во прашање, сосема е нормално да се следи колку постхумно заработил еден музичар, па затоа постои посебна листа на Форбс на починати познати личности со најголема заработка.

 

Muzičar, Pevač, Predosetio, Dokumentarac, Projekat, Dejvid Bouvi, Frensis Vajtli

На оваа табела, објавена во 2022 година, високи позиции заземаат Коби Брајант (второ место со 400 милиони долари), Дејвид Боуви (3 место со 250 милиони долари), Елвис Присли (4 место со 110 милиони долари), Мајкл Џексон (6 место со 75 милиони долари).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk