logo
logo
logo

Северина му го честиташе роденденот на најважниот човек во нејзиниот живот

Vecer | 20.02.2021

Северина му го честиташе роденденот на најважниот човек во нејзиниот живот

Пејачката Северина Којиќ денес го слави најважниот датум во нејзиниот живот, раѓањето на нејзиниот син Александар, кого го роди од врската со нејзиниот поранешен вереник Милан Поповиќ.

Пејачката со емотивна порака на Инстаграм му го честиташе на наследникот прекрасниот ден, а фотографијата што ја објави ги воодушеви обожавателите.

Имено, Северина објави фотографија на која се гледа мурал на Северина и Александар на ѕидот на една куќа во Белград.

- Кога се роди, во Сплит врнеше снег. Кога се роди, се родив и јас. Привремено не смеам да ја објавувам твојата слика, но муралот на ѕидот кој штотуку го добив, сè уште не е забранет. Благодарам на добрите луѓе кои ми ги испратија овие слики и благодарам на авторот ... Среќен роденден, чудо мое - напиша гордата мајка.

majka.

Фотографијата е објавена во форма на видео снимка, а во позадина се слуша песна од познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој вчера почина како последица на корнавирусот.

"Uspavanka za dečaka" е посебна за Северина, а таа своевремено и ја препеа, и со голема радост ја изведуваше на своите настапи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk