logo
logo
logo

Северина го подбрала комшијата, ЈАЈЦАТА СЕ ПОКАЖАЛЕ КАКО СОВРШЕНА МУНИЦИЈА!

Vecer | 27.05.2021

Северина го подбрала комшијата, ЈАЈЦАТА СЕ ПОКАЖАЛЕ КАКО СОВРШЕНА МУНИЦИЈА!

77 годишниот сосед ја пријавил пејачката Северина дека наводно фрлала со јајца кон него, пренесоа хрватските медиуми. Според „24сата-хр“, човекот истакнал дека „јајцата се цеделе по неговата маица и панталони“, по што тој го пријавил случајот во полиција.

Сепак, според истиот портал, Северина при интервенцијата ѝ рекла на полицијата дека „не знае за какви јајца зборува комшијата“, и дека „ручала на маса со своето семејство“.

Но, нејзиниот сосед истакна дека после оваа случка тој се соочил со уште еден проблем.

– Некој ми ги откорна брисачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам – се доверил на пријателите соседот на Северина, кој живее во Козјак, Загреб, каде што живее и пејачката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk