logo
logo
logo

Селин Дион поради здравствени проблеми ги откажала сите настапи во 2023 и 2024 година

Vecer | 28.05.2023

Селин Дион поради здравствени проблеми ги откажала сите настапи во 2023 и 2024 година

Музичката ѕвезда оваа своја одлука ја образложи со ставот дека не е доволно силна за турнеја бидејќи се бори со ретко невролошко нарушување, пренесува АФП.

Минатата година, 55-годишната канадска пејачка откри дека боледува од ретка здравствена состојба која влијаела на нејзиното пеење.

„Многу ми е жал што уште еднаш ве разочарувам сите... и иако ми го крши срцето, најдобро е да откажам сè додека навистина не бидам подготвен да се вратам на сцената“, напиша Дион на Твитер. „Не се откажувам... и едвај чекам повторно да се видиме! додаде таа.

Во изјавата објавена од нејзиниот менаџер на турнеја се вели: „На големо разочарување  ве известувам дека на светската турнеја „Courage“ на Селин Дион се откажани сите преостанати настапи договорени за 2023 и 2024 година.

Во декември 2022 година, таа објави видео на Инстаграм во кое откри дека неодамна и бил дијагностициран синдром на вкочанетост на мускулите и дека нема да биде подготвена да ја започне својата европска турнеја во февруари како што е планирано.

Таа рече дека нарушувањето предизвикува грчеви во мускулите и ја спречува да ги користи гласните жици „и да пее како што е навикната“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk