logo
logo
logo

Селена Гомез покажа како изгледа без шминка, доби над 80.000 коментари (ФОТО)

Vecer | 03.02.2023

Селена Гомез покажа како изгледа без шминка, доби над 80.000 коментари (ФОТО)

Во исто време, Гомез беше во домашното издание, во тренерка со разбушавена коса, а не ѝ беше гајле ни што има мозолче на лицето, а тоа особено ги воодушеви нејзините фанови. Објавата на Селена досега собра 8,4 милиони лајкови и речиси 80 илјади коментари, кои главно беа многу позитивни.

Гомез ја контактирале голем број познати луѓе, меѓу кои и нејзината нова најдобра пријателка Никол Пелц Бекам. „Ти си најубава на светот“, напишала Никол во коментарите, а слични коментари оставиле и останатите.

„Само биди своја и биди убава. Ти си закон“, „Тоа се вика природна убавина“, „Ти си кралица“, „Те обожавам, ти си симпатична“, „Ова е твоето најдобро издание“, „Ти се икона“, „Ова е многу убава дама“, „Една од ретките луѓе кои не беа уништени од медиумската индустрија“, се само некои од илјадниците коментари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Инаку, фановите на Селена, од кои само на Инстаграм има 375 милиони, неодамна изразија загриженост бидејќи некои забележале дека рацете многу ѝ се тресат. Гомез боледува од лупус, но нема проблем да зборува за својата состојба, па на загрижените обожаватели им објасни сѐ.

„Хаха, се тресам од лековите за лупус. Исто така, прочитајте го упатството, јас не сум професионалец во ова“, одговорила таа во коментар на видеото на кое се гледа како ја отстранува шминката со мицеларна вода.

Да потсетиме, на Гомез во 2014 година ѝ беше дијагностициран лупус, автоимуна болест која ги напаѓа ткивата и органите на пациентите. Воспалението предизвикано од лупус може да влијае на бубрезите, зглобовите, мозокот, срцето, белите дробови, кожата и крвните клетки.

Три години откако ѝ беше дијагностициран лупус, на пејачката ѝ беше извршена трансплантација на бубрег, а за своето искуство зборуваше во документарецот Selena Gomez; My Mind & Me.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk