ВОДИТЕЛКАТА ВО НОВ ПРОЕКТ

Секоја сабота со Сузана Турунџиева

Водителката и пејачка Сузана Турунџиева влегува во нов проект. Станува збор за вечерна емисија, што ќе стартува наскоро и ќе оди во сабота на А1 телевизија. Засега, Сузе не открива повеќе детали. А до тогаш ќе им се обраќа секоја недела во 11 на гледачите во истоимената емисија со нови гости и содржини. Вели дека циклусот "Сузе" го заврши со 250 емисии и време е за нови професионални предизвици. Откако се зазема со водителството, вели дека се' помалку време и' останува за нејзината прва и голема љубов - музиката.
"Се надевам дека годинава ќе најдам време и покрај бројните ангажмани да направам албум со нови песни. Имам многу нови готови композиции досега не чуени, ама времето не ми е сојузник. Сакам да бидат убаво направени и да звучат како што треба. Не сакам да форсирам и да бидат пуштени туку-така", вели Сузе.
(А. Ѓ.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари