logo
logo
logo

ФОЛК КАРАМБОЛ

Сега е во брак со една пејачка, а еве како изгледале на свадбата со првата!

Vecer | 02.06.2021

Сега е во брак со една пејачка, а еве како изгледале на свадбата со првата!

Хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ - Кемиш и пејачката Весна Змијанац во осумдесеттите биле во брак кој траел 3,5 години. На една Инстаграм страница се појави фотографија од нивната свадба, на која се многу поразлични од денес - освен што секако се многу помлади, Весна има куса коса, а тој подолга и многу помалку килограми.

Денес, Кемиш е во брак со колешката на Весна, Зорица Брунцлиќ.

- За мене тоа беа убави години. Тој беше одличен сопруг, но нашиот брак немаше перспектива. Се што е убаво кратко трае и брзо поминува. Бевме млади и ни остана убав спомен, рекла Весна во една прилика.

Кемиш пак признал дека се разделиле како луѓе.

- По разделбата имав свој стан, воден кревет и мног жени. Не ми паѓаше на памет да се врзувам, но ми се случи Зорица и ми внесе нова димензија. Таа не ме украде од Весна, туку сам заминав, рекол Кемиш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk