logo
logo
logo

Се снима документарен филм за подемот и падот на Кевин Спејси

Vecer | 28.06.2022

Се снима документарен филм за подемот и падот на Кевин Спејси

Документарната серија во два дела е наречена „Спејси Демаскиран“ и ќе се занимава со неговата кариера, од неговите почетоци на Бродвеј, преку статусот на ѕвезда, па сè до обвинувањата за сексуално вознемирување и злоупотреба.

Во режија на Кира Филипс, првата епизода ќе се појави по завршувањето на двете судења. Едното во Њујорк, врз основа на тужбите на актерот Ентони Рап, а другиот во Велика Британија, поради обвинувања од тројца мажи.

"Кевин Спејси е еден од најпочитуваните актери на денешницата. Неговиот талент му донесе два Оскари и многу други награди. Критички пофален на двата брега на Атлантикот, тој успешно го водеше театарот "Олд Вик" цели 11 години и стана еден од најважните културни фигури во Лондон и пријател на многу познати личности.Овие филмови ќе ја следат неговата приказна за наводите за злоупотреба и исходот од судењето“, вели извршната продуцентка Дороти Бирн.

Спејси се појави пред судот во Велика Британија на почетокот на овој месец, каде што е обвинет за четири случаи на сексуален напад во периодот од 2005 до 2013 година, а еден од тројцата мажи го обвинува актерот дека го принудил на пенетрирачки секс без согласност.

Пред да тргне на пат, Спејси рече: „Ја ценам изјавата на обвинителството во која тие внимателно ги потсетуваат медиумите и јавноста дека имам право на правично судење и дека сум невин додека не се докаже спротивното. Иако сум разочаран од нивната одлука, со задоволство ќе се појавам во Британија веднаш штом ми дозволат да се бранам од овие обвиненија за кои, сигурен сум, ќе ја докажам мојата невиност“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk