logo
logo
logo

СЕ САКАМЕ КАКО ТИНЕЈЏЕРИ! Љубовта не знае за математика! Познатата пејачка ја отвори душата и призна се

Vecer | 26.11.2022

СЕ САКАМЕ КАКО ТИНЕЈЏЕРИ! Љубовта не знае за математика! Познатата пејачка ја отвори душата и призна се

Американската пејачка Шер (76) признала дека разбира оти на другите им изгледа чудна врската со 40 години помладиот Александар Едвардс (36), но нагласила дека и двајцата се возрасни, а љубовта не знае математика.

На својот Твитер-профил таа сподели фотографија од него на која тој е без маица и напиша: „Ова на другите им изгледа чудно, па дури и мене, но љубовта не знае за математика“.

Таа откри и дека се „бакнуваат како тинејџери“ откако еден обожавател праша кои се неговите најдобри квалитети.

„Тој е љубезен, паметен, смешен и се бакнуваме како тинејџери“, напиша пејачката за Едвардс, со кој се забавува речиси два месеци, откако го запозна за време на модната недела во Париз.

 

Šer

Инаку, Шер двапати се разведуваше и го има синот Чез Боун (53) со нејзиниот покоен поранешен сопруг Сони Боун и Елајџа Блу Алман (46) со нејзиниот покоен поранешен сопруг Грег Алман.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk